Кошаркарите на Минесота на гстински терен го победија Сан Антонио со 104:102 во првиот меќ од полуфиналето во западната конференција. Најдобар кај Минесота беше Џулиус Рендл со 21 кош и 10 скокови, Ентони Едвардс постигна 18, а Џејден Мекданиелс и Теренс Шенон постигнаа по 16.

Кај Сан Антонио најдобар беше Виктор Вембенјама кој имаше дури 12 блокади на мечот со што постави нов рекорд во плеј офот на НБА лигата, но неговиот тим беше поразен откако во последната секунда од мечот Џулијан Шампањи промаши шут за тројка. 

Сан Антонио го претрпе само вториот пораз во последните 17 отварања на плеј офот на домашен терен. Следниот меч се игра ноќта меѓу средата и четвртокот, повторно во Сан Антонио.

 

Слични новости

Џа Морант најверојатно ќе биде трејдуван во Мајами

Мајами Хит кој беше еден од најсериозните тимови за ангажирање на јанис Адетокумбо од Милвоки, се откажа од трката за грчкиот крилен центар и се насочи кон тоа да го доведе спектакуларниот плејмејкер на Мемфис Гризлис Џа Морант.