Минесота израмни на 2:2 во серијата со Сан Антонио откако утринава на свој терен победи со 114:109. Клучниот момент на натпреварот се случи во третата четвртина кога најдобриот играч на Сан Анатонио Виктор Вембенјама го удри со лакт во вратот Наз Рид, по што беше исклучен од натпреварот.

Сега се очекува и евентуална казна за Вембенјама кој поради овој неспортски потег може да биде суспендиран за петтиот меч кој се игра во среда во Сан Антонио.

Најдобар кај Минесота во важната победа беше Ентони Едвардс кој постигна 36 коша, а Руди Гобер постигна 11 поени со 13 скокови.

Кај Сан Антонио најпрецизни беа Харпер и Фокс со по 24 коша.

Слични новости

Артета по поразот во дербито со Сити вели дека клучен беше елементот на среќа

Артета по поразот во дербито со Сити вели дека клучен беше елементот на среќа

Тренерот на Арсенал МИкел Артета изјави дека во вчерашниот натпревар против Манчестер сити неговата екипа пропушти шанса да направи голем чекор кон освојување на титулата, но дека и натаму верува во успех.