На 10-ина натпревари пред крајот на регуларната сезонаво западната конференција каде што тимовите се изедначени на табелата, секој меч има голема важност. Минесота забележа многу важна победа против Феникс 124:109 и ги задржа шансите за шестото место што води директен пласман во плеј офот.
Најефикасни кај Минесота беа Џулиус Рендл со 25 и Ентони Едвардс со 20 коша, додека кај поразениот Феникс Кевин Дурант постигна 23, а Колин Гилеспи 22 коша. Девин Букер продолжува со слабите игри за Феникс и постигна само 10 поени.

Минесота е осма на западот со ист број на победи 42 како седмопласираните Голден Стејт и шестопласираните Клиперс.
Шестопласираниот тим на западот во првото коло на плеј офот најверојатно ќе игра против Денвер кој е трети и со победата врз Јута утринава има три победи повеќе од шетвртопласираните Лејкерс.
Денвер лесно ја совлада Јута, а Никола Јокиќ забележа 27 коша и 14 скокови во првите три четвртини од мечот. Поради убедливата предност за Денвер Јокиќ воопшто не влезе во игра во последниот период од играта.
Слични новости
Чаби Алонсо останува на кормилото на Баер Леверкузен
Шпанскиот фудбалски стручњак 43-годишниот Чаби Алонсо, за кого некои медиуми шпекулираа дека ќе го преземе Реал Мадрид ова лето, останува на кормилото на Баер Леверкузен
Голема мешаница во Минеаполис, седуммина исклучени
Голема мешаница, кошкања меѓу кошаркарите на Минесота и Детроит, го одбележа дуелот во „Таргет Центар“, на кој домашните Тимбервулфс на крајот победија 123:104
Меншик го освои првиот трофеј, Ѓоковиќ остана на 99 титули
Чешкиот 19-годишен тенисер Јакуб Меншик е изненадувачки победник на АТП Мастерс 1000 турнирот во Мајами, победувајќи го Србинот Новак Ѓоковиќ со 7-6 (4), 7-6 (4) во неделното финалеи и така го остави без стотата титулата во кариерата