Кошаркарите на Минесота утринава на домашен терен ја победија екипата на Денвер со резултат 113:96 во третиот натпревар од четвртфиналето на Западот и поведоа со 2:1 во серијата.

Најефикасен кај Денвер беше Никола Јокиќ со 27 коша, но со очаен шут за тројка 2 од десет и 5 од 16 за два поени, поради исклучителната одбрана на Вулвси.

Кај МИнесота најефикасен беше резервниот играч Ајо Досунму со 25 коша, Џејден Мекданиелс даде 20, а Ентони Едвардс 17 коша.

Домашниот тим водеше од почетокот до крајот на мечот. Минесота стигна до двоцифрена предност во првата четвртина и константно ја зголемуваше предноста. Арон Гордон не играше за Денвер поради повреда.

Слични новости