Антонио Милошовски објави статус на Фејсбук во кој ја критикува вчерашната изјава на Пендаровски дека тој не се согласува со поддршката за Трамп. Покрај Милошевски, партијата ВМРО-ДПМНЕ излезе со осуда кон однесувањето на поранешниот претседател.

„За дневно-политичките коментари на Пендаровски

 

1. Пендаровски во 2020 зборуваше дека е „ван памет“ да се зборува за промена на македонскиот Устав во контекст на бугарското вето; тврдеше дека ги има сите информации од средбите со официјални лица од Бугарија и дека такво барање за Уставот не било ставено на маса. Потоа наведна глава пред потписот на Бујар Османи и стана главен промотор за смена на Уставот на Македонија.

ЗАТОА, проценките на Пендаровски треба да се земаат со голема резерва, бидејќи немаат доследност, а имаат повеќе оговарачка, отколку аналитичка основа!

2. Тоа што Пендаровски јавно пласира навреди за САД и за нивниот новоизбран претседател може да се смета и како имплицитен став на СДСМ, но и како слобода на говорот. Сепак, владата на секоја демократска држава, во случајов САД, е прашање на избор на американските граѓани и Пендаровски, без разлика што е близок со тимот на Сорос, нема право да го оспорува демократскиот легитимитет на претседателот и владата на САД.

3. Македонија и САД во 2008-ма потпишаа документ за стратешко партнерство и тој взаемно-корисен однос треба да се одржува и продлабочува, без разлика на менувањето на владите и претседателите во двете земји. Затоа Пендаровски, ако не може или не сака да И помага на Македонија на меѓународен план, барем нека не И одмага, како во времето кога главни советници за надворешна политика му беа Фрчкоски, Ана Чупеска и Артан Груби, како експерт за пари и ресурси!“

globe

Слични новости

Изгласана интерпелацијата за Весна Дамева

Изгласана интерпелацијата за Весна Дамева

Со 77 гласа Собранието во вторникот изгласа недоверба на Весна Дамева, член на Судски Совет. Според заклучокот, Дамева имала значителен придонес во загрозување на независноста, професионалноста и угледот на судството и судиите и придонела за падот на довербта на граѓаните кон судствот

Македонија и Азербејџан ќе ја унапредуваат соработката во енергетиката и економијата

Македонија и Азербејџан ќе ја унапредуваат соработката во енергетиката и економијата

Македонија и Азербејџан ќе ја унапредуваат соработката преку декларација за стратешко партнерстство и пријателство првенствено со фокус на енергетиката и економијата, а се иницира и укинување на визи за дипломатски и службени пасоши