Во Македонија нема да се градат бегалски кампови, категорични се од ВМРО ДПМНЕ, а тоа, како што рече денеска на прес -конференција пратеникот Антонијо Милошоски, во изјава го потврдил и амбасадорот на обединетото кралство во земјава.

 

„Британија откако излезе од ЕУ со сите земји од Западен Балкан, но и со самата ЕУ склучува вакви договори каде што Британија ја враќа легалната основа на Фронтекс за борба против организирана, нелегална, миграција….Тоа го прави со овој дополнителен механизам кој е комплементарен со Фронтекс. И на крај, нема подобар демант за ваквите спинови од на некои опозициони партии од изјавата на британскиот амбасадор кој изјави дека Британско – македонскиот стратешки договор предвидува и потврдува инвестирање во инфраструктура, во образование и во одбрана, но не предвидува во Македонија изградба на бегалски кампови во Македонија“, рече Милошоски.

Тој реагираше на изјавите на опозиционите партии кои се потпираат на текст на британски медиум дека Британија преговара со Македонија за изградба на бегалски кампови во кои ќе бидат примани мигранти од Велика Британија.

globe

Слични новости

Кузеска: Кој му дал дозвола на Мицкоски да преговара за мигранти?

Кузеска: Кој му дал дозвола на Мицкоски да преговара за мигранти?

Граѓаните на Македонија се во шок! Власта на Мицкоски подготвува анти државно и национално предавство. Угледните британски медиуми, како The Times, дека Владата на Мицкоски е во разговори со Велика Британија за Македонија да стане базна дестинација за враќање мигранти. Сите лаги зад кои кујните на ДПМНЕ и владата се обидуваа да се сокријат се потопени во вода, изјави портпаролката на СДСМ Богданка Кузеска

СДСМ: Конгресот на децата на Орбан

СДСМ: Конгресот на децата на Орбан

Антикорупцискиот тим на СДСМ реагираше со остра политичка критика на Конгресот на ВМРО-ДПМНЕ, кој викендов се одржа во Кавадарци под водство на Христијан Мицкоски

На ГП Дојран и Табановце се чека од 30 до 40 минути, магла на Попова Шапка и Пресека

На ГП Дојран и Табановце се чека од 30 до 40 минути, магла на Попова Шапка и Пресека

На граничниот премин „Дојран”, утринава за излез од земјава се чека 30 минути, а на Табановце времето на чекање на излез од земјава е 40 минути. На останатите гранични премини од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата, информира Авто мото сојузот на Македонија