Претседателот на СНСД, Милорад Додик, се обрати до јавноста по објавувањето на првите прелиминарни резултати од Општите избори, кои денеска се одржаа низ Босна и Херцеговина. Тој ја прогласи победата на оваа партија на сите нивоа.

„Неочекувано висок резултат и за самата партија заедно со коалиционите партнери ќе имаме две третини во парламентот на Република Српска. Овој резултата е сличен на овој од пред 20 години“, изјави Додик по соопштувањето на резултатите.

 

„Сакам да им се заблагодарам на сите наши пријатели. Јас ќе го кажам и следново да не беше велинчествената победа на Доналд Трамп и да не ја тргнеше она омразена структура на Бајден, верувам дека ние денеска ќе бевме политички мртовци, но благодарение на новиот амбиент сега сме политички победници и имаме намера тоа да го верифицираме заблагодарувајќи му се секако и на претседателот Путин кој не прими и ни посака успех на изборите што за нас беше важно“, рече тој.

 Кандидатот на СНСД Жељка Цвијановиќ води во изборната трка за член на Претседателството на БиХ со 55,34 отсто гласови наспроти Маринко Божовиќ (СДС) кој има 26,59 отсто гласови и Небојша Вукановиќ со 18,5 отсто.

 

Слични новости

САД: Дозволата за работа странските студенти би можела да ги чини 70.000 долари, наместо досегашните 500

САД: Дозволата за работа странските студенти би можела да ги чини 70.000 долари, наместо досегашните 500

Мерката е дел од пошироката кампања на претседателот Доналд Трамп насочена кон странците со работни визи. Се очекува мерката на американската влада, како и сите други контроверзни мерки досега да биде оспорена на суд.