Повеќе од 3,2 милиони патници во САД се погодени од доцнења и откажувања на летови, бидејќи бројот на отсуства од работа на контролорите на летање се зголемува додека федералната влада влегува во 34-от ден од затворањето, соопштија воздухопловните власти и авиокомпаниите во понеделник.
Федералната администрација за воздухопловство (FAA) објави дека доцнењата се воведени во Далас и Остин поради недостиг од контролори и дека слични мерки би можеле да влијаат на аеродромите во Хјустон и Вашингтон. Речиси 2.900 летови беа одложени само во понеделник.
Околу 13.000 контролори на летање и 50.000 вработени во Администрацијата за безбедност на транспортот (TSA) беа принудени да работат без плата откако републиканскиот претседател Доналд Трамп и демократите во Конгресот не успеаја да постигнат договор за буџетот, што предизвика блокада на владата. Отсуството на вработените во TSA доведе до редици долги часови на безбедносните контролни пунктови во последните денови, особено во Хјустон и Сан Диего.
„Доколку утврдиме дека безбедноста на патувањето повеќе не е загарантирана, ќе го затвориме целиот воздушен простор. Засега зборуваме само за значителни доцнења“, рече министерот за транспорт Шон Дафи.
„Авиокомпаниите за Америка“, кои ги обединуваат најголемите американски превозници, предупредија дека од почетокот на блокадата на 1 октомври, повеќе од 3,2 милиони патници биле погодени од доцнења или откажувања поради недостиг на персонал и го повикаа Конгресот итно да го прекине блокадата на буџетот. FAA претходно предупреди дека ѝ недостасуваат околу 3.500 контролори на летање и дека продолжувањето на блокадата може да предизвика сериозни прекини во воздушниот сообраќај за време на празничната сезона.
Слични новости
САД престанаа да ја означуваат Русија како „диркента закана“, Кремљ е задоволен
Кремљ го поздрави потегот на администрацијата на американскиот претседател Доналд Трамп да ја ревидира својата стратегија за национална безбедност и да престане да ја нарекува Русија „директна закана“, изјави во неделата портпаролот Дмитриј Песков
Најмалку 23 мртви во пожар во ноќен клуб во Гоа
Најмалку 23 лица, меѓу кои и неколку странски туристи, загинаа во пожар во популарниот ноќен клуб Арпори во индиската држава Гоа
Грчката крајбрежна стража пронајде брод со 18 мртви мигранти
Грчката крајбрежна стража пронајде брод со 18 мртви мигранти близу брегот на Крит, објави грчката јавна телевизија ERTnews во саботата


