Репрезентацијата на Македонија синоќа одигра нерешено 1:1 со Казахстан и ги загуби шансите за прво место во групата и директно учество на Мундијалот, бидејќи Белгија го победиВелс во Кардиф. Селекторот Благоја Милевски беше задоволен од играта на неговите играчи и покрај слабиот резултат.
„Влеговме малку нервозно во натпреварот. Таа нервоза е резултат и од напорот од мечот со Белгија, не би рекол од важноста на мечот, сите се важни. Првото полувреме изгубивме и доста дуели, тие втори топки, но реакцијата на играчите во вториот дел беше таква каква што требаше да биде. Им честитам на моите фудбалери за сето тоа што го покажуваат во овие квалификации, немам никаква замерка“, изјави Милевски по натпреварот.
„Со изданието во вториот дел заслуживме победа, но фудбалот е таков. Казахстан одигра добар натпревар, тоа е квалитетен тим. Мислам дека бевме поблиску до победа, но не успеавме. Нивниот голман имаше три-четири одлични интервенции, мислам дека тој беше играчот на натпреварот“.
Македонскиот селектор рече дека не победивме но продолжуваме да го живееме сонот за Сетско првенство, без разлика дали преку бараж или преку Лигата на нации.
Тој рече дека во меѓувреме тимот ќе се подготвува да одигра најдобро што може на последниот меч од квалификациите на гостувањето во Кардиф на 18 ноември.
Слични новости
Бразил доби тешка група, оцени Анчелоти
Бразил е извлечен во „тешка група“ на Светското првенство во 2026 година, со Мароко, Шкотска и Хаити како негови противници, изјави селекторот на Бразил, Карло Анчелоти, по жрепката во Вашингтон
Шпанија најголем фаворит кај обложувалниците за титулата на мундијалот
Откако беше извршена жрепката за групите на Светското првенство во 2026 година, водечките светски обложувалници ја гледаат Шпанија како најголем фаворит за светската круна
Преглед НБА: Оклахома продолжува со победите
Оклахома Сити Тандер ја забележаа својата 14-та последователна победа победувајќи ги Далас Маверикс со 132:111 дома


