Милвоки Бакс успеа да надомести 12 поени дефицит од полувремето и да победи во мечот со Њујорк Никс, благодарение на одличната партија на Јанис Адетокумбо кој имаше 37 коша, осум скока и седум асистенции. Рајан Ролинс постигна 25 коша за Милвоки што е негов најефикасен скор во кариерата.

Кај Њујорк Никс најефикасен беше Џејлен Бронсон со 36 поени, но во средината на последната четвртина тој ја повреди ногата, по што Милвоки со серија од 8:0 направ резултатски пресврт. Микал Бриџис постигна 24 коша за Њујорк.

На западот Голден Стејт Вориорс убедливо ги победија Клиперс со 98:77. Кај домаќините Џими Батлер имаше 21 кош, 5 скока и 5 асистенции, а Стеф Кари постигна 19 поени со 8 асистенции. Во тимот на Клиперс најефикасен беше Џејмс Харден со 20 коша, сите постигнати во првото полувреме.

 

 

Слични новости

Тренерот на Аугсбург Сандро Вагнер доби отказ по серија лоши резултати

Тренерот на Аугсбург Сандро Вагнер доби отказ по серија лоши резултати

Бундеслигашот Аугсбург му даде отказ на тренерот Сандро Вагнер по низата слаби резултати на тимот. Екипата од Баварија има три порази во низа во Бундеслигата каде што се наоѓа на 14-тото место со само 3 победи од 12 одиграни мечеви.