Тимот на Милан синоќа на гости го победи Удинезе со 2:0 на гостувањето во Удине. Пулишиќ уште во шестата минута го доведе Милан во водство од 0:1, а во 65-тата минута Хачинсон го постави конечниот резултат 0.2 за Милан.
Со победата на гости кај Удинезе Милан најави дека е сериозен претендент за титулата годинава и се пласираше во топ четворката во италијанската Серија А.
По осум одиграни кола на табелата водат Интер и Лацио со по 22 бода, додека Рома и МИлан се на третото и четвртото место со по 18 бодови.
Слични новости
Серген Јалчин нов тренер на фудбалската репрезентација на Турција на местото на Винченцо Монтела
По многу слабиот почеток во А Лигата на нации на чело со Винченцо Монтело, Турција е убедливо последна со четири порази од четири натпревари, по што фудбласката федерација на Турција донесе одлука да го смени италијанскиот тренер Винченцо Монтела.
Напуштањето на Евролигата во кошарка ќе чини 80 милиони евра за секој клуб
Евролигата е и натаму подготвена да разговара со НБА за можен договор за европскиот пазар, но нејзиниот извршен директор Чус Буено предупреди дека започнувањето на конкурентско натпреварување може да доведе до дополнителни поделби на европската кошарка.
Денеска почнува новата сезона во НБА лигата
Со натпреварот меѓу кошаркарите на Детроит и Бостон вечерва од 21 часот почнува новата 81-ва сезона на американската НБА лига.


