Милан нема намера да го откупи договорот на Жоа Феликс по завршувањето на сезоната, објавија италијанските медиуми. Милан го доведе португалскиот интернационалец на позајмица од Челси за која плати 5,5 милиони евра до крајот на сезоната со намера на крајот на сезоната да го откупи договорот на Жоа Феликс.

Милан се откажа од откуп на договорот на Феликс бидејќи во последно време тој игра слабо за тимот на Милан, што значи дека Португаецот на крајот од сезоната сепак ќе се врати во екипата на Челси.

Жоао Феликс претходно не играше на посакуваното ниво ниту во Атлетико Мадрид, Барцелона и Челси. На Португалчецот му се предвидуваше блескава кариера откако се наметна како суперталент во дресот на Бенфика.

Слични новости

Лаутаро Мартинез не игра за Аргентина

Лаутаро Мартинез не игра за Аргентина

Аргентинскиот напаѓач Лаутаро Мартинез ќе ги пропушти претстојните квалификации за Светското првенство против Уругвај и Бразил поради повреда на тетивата, објави во средата аргентинската федерација