Во едно од најголемите дербија во италијанскиот фудбал, 245-то издание на „Дерби дела Мадонина“, Милан како гостин го победи Интер со 1:0. Решавачкиот погодок за 83-та победа на Милан го постигна Кристијан Пулишиќ во 54. минута. Интер остана на 91 победа, додека 71 натпревар завршија нерешено.

Интер во текот на натрпеварот двапати ја погодуваше рамкта од голот, домашните не искористија ниту пенал, а Милан еден контранапад го претвори во победа.

Интер опасно се закани веќе во третата минута, со глава шутираше Марку Турам, но Мајк Мењан одлично одбрани. Во 15. минута шутираше и Петар Сучиќ, но над гостинскиот гол.

Милан ја имаше својата прва шанса во 16. минута, но Давиде Бартесаги лошо ја зафати топката и шутираше покрај голот. Во 27. минута, Интер беше на неколку сантиметри од водство. Хакан Чалханоглу центрираше од корнер, а Франческо Ачерби со глава шутираше крај десната статива. Десет минути подоцна, Интер повторно ја погоди стативата. Лаутаро Мартинез шутираше, но Мањан одбрани одбивајќи ја топката во стативата.

Милан не покажа многу во првото полувреме, но влезе одлично во второто полувреме и поведе во 48-та минута. Гостите тргнаа во контранапад, Алексис Салемакерс шутираше од работ на шеснаесетникот, Јан Зомер одбрани а Пулишиќ ја смести одбиената топка во мрежата за 1:0.

Интер можеше да израмни во 74. минута, но Чалханоглу не ја реализираше најстрогата казна, неговиот удар беше одлично го одбрани Мањан. Најстрогата казна ја направи Павловиќ нагазувајќи го Турам. Судијата Соца првично не покажа кон белата точка, но ја промени својата одлука откако го прегледа видеото.

Интер притисна во последните моменти од натпреварот, при што Диуф и Бони имаа шанси, но не успеаја да израмнат. Тоа беше првиот натпревар оваа сезона во кој „нероаѕурите“ не успеаја да постигнат гол.

Победата на Милан ѝ помогна на Рома, која победи со 3:1 на гости против Кремонезе, да остане на врвот на табелата во Серија А. Головите за тимот од Рим ги постигнаа Матијас Соуле (17), Еван Фергусон (64) и Весли Франка (69), додека за Кремонезе, Франческо Фолино (90+3).

Лацио, исто така, освои три бода, победувајќи го Лече со 2:0. Римскиот тим стигна до својата петта победа оваа сезона со головите на Матео Гендузи во 29. минута и Тијани Нослин во петтата минута од судиското продолжение на натрпеварот. Во 50. минута, Лацио повторно ја затресе мрежата на противникот, но голот на Булаје Диа беше поништен поради прекршок. Домашниот тим можеше да го зголеми водството во 71. минута, но Гендузи, а во продолжението на акцијата и Матија Закањи ја затресоа рамката на голот. Конечните 2:0 ги постигна Тијани Нослин во петтата минута од судиското продолжение.

Лацио со новите три бода се искачи на осмата позиција со 18 бода. Лече е на 16-то место со 10 бода.

Во првиот натпревар во неделата, Парма ја победи Верона со 2:1 на гостински терен. Двоен стрелец за Парма беше Матео Пелегрино (18, 90), додека Џоване (65) постигна гол за Верона.

Парма е 15-та со 11 бода, а Верона е последна со само шест.

Колото се затвора во понеделник со дуелите меѓу Торино и Комо, и Сасуоло и Пиза.

Рома води со 27 бода, Милан и Наполи имаат по 25 бода, а Интер и Болоња имаат по 24.

globe

Слични новости

Јанис Адетокумбо повторно се повреди, но останува во Милвоки

Јанис Адетокумбо повторно се повреди, но останува во Милвоки

Грчкиот крилен центар на теренот мина само три минути по што го истегна мускулот на десната потколеница и беше упатен во болница на снимање. Тренерот на Милвоки Док Риверс изјави дека магнетната резонанца потврдила дека е исклучена повреда на ахиловата тетива.

Киксови на Ливерпул и Челси

Киксови на Ливерпул и Челси

Ливерпул никако да излезе од кризата. Вечерва на нивниот Енфилд одиграа само 1:1 со Сандерленд и се подалеку се од борбата за одбрана на титулата, затоа што водечкиот Арсенал им се одлепи на цели 11 бодови предност.