Фудбалерите на Аталанта како гости ја победија екипата на Милан на Сан Сиро со 3:2. Аталанта целосно го надигра домаќинот кој со овој пораз падна од второто на четвртото место на две кола пред крајот и си ја закомпликува позицијата во борбата за Лигата на шампионите.
Аталната поведе со 2:0 во првото полувреме, а со голот на Распадори во 52-та минута се чинеше дека гостите од Аталанта го заклучија натпреварот.
Страхиња Павловиќ постигна гол со глава по корнер на Милан на две минути пред крајот, а Енкунку во третата минута од судиското надополнување постигна гол од пенал и го направи натпреварот интересен во самиот финиш, но Аталанта ги сочува трите бода.
Милан на две кола пред крајот има 47 бодови колку и петопласираната Рома, а Јувентус на третата позиција има 48 бодови. Во последните две кола ќе се реши кои два од овие три тима ќе играат следната година во ЛШ.
Слични новости
Историски пресврт и прво полуфинале за Детроит на Истокот по 18 години
Детроит успеа да се пласира во полуфиналето на Источната конференција откако утринава во мајстроката против Орландо победи со 116:94 и победи во серијата со 4:3. Детроит губеше со 3:1 од Орландо и практично „се врати од мртвите“.
Интер ја освои 21-та титула првак на Италија
Фудбалерите на Интер ја освоија титулата шампион на Италија откако синоќа ја победија Парма со 2:0 во натпревар од 35-тото коло на Серија А. Со тоа Интер стигна до 82 бодови, 12 бодови повеќе од второпласираниот Наполи на 3 кола до крајот на натпреварувањето што е недостижна предност.
Вечерва се очекува рововска борба во второто полуфинале на ЛШ меѓу Атлетико -Мадрид и Арсенал
На стадионот „Метрополитано“ ќе се игра на тактика, ќе се игра да не се прими гол, што е сосема спротивно од синоќешниот спектакл меѓу ПСЖ и Барен на кој имаше дури 9 голови.


