Фудбалерите на Аталанта како гости ја победија екипата на Милан на Сан Сиро со 3:2. Аталанта целосно го надигра домаќинот кој со овој пораз падна од второто на четвртото место на две кола пред крајот и си ја закомпликува позицијата во борбата за Лигата на шампионите.

Аталната поведе со 2:0 во првото полувреме, а со голот на Распадори во 52-та минута се чинеше дека гостите од Аталанта го заклучија натпреварот.

Страхиња Павловиќ постигна гол со глава по корнер на Милан на две минути пред крајот, а Енкунку во третата минута од судиското надополнување постигна гол од пенал и го направи натпреварот интересен во самиот финиш, но Аталанта ги сочува трите бода.

Милан на две кола пред крајот има 47 бодови колку и петопласираната Рома, а Јувентус на третата позиција има 48 бодови. Во последните две кола ќе се реши кои два од овие три тима ќе играат следната година во ЛШ.

 

Слични новости