Во дербито од 10-то коло од италијанското фудбалско првенство, Милан ја победи Рома со 1:0 на неговиот „Сан Сиро“. Рома беше подобра во првото полувреме, имаше поголем посед на топката, притисна, но домаќините го постигнаа голот по одличен контранапад во 39. минута. Рафаел Леао истрча по левото крило, влезе во шеснаесетникот, а потоа го искористи одбиениот удар за да го проигра Страхиња Павловиќ, кој постигна гол за водство на домаќините.
Милан можеше да ги разреши сите сомнежи на почетокот од второто полувреме. Екипата на Масимилијано Алегри имаше четири одлични шанси, од кои за две асистираше Лука Модриќ. Прво одлично го проигра Леао во 49. минута, кој се заплетка и не реагираше добро. Две минути подоцна, Модриќ нафрли од корнер, а Кристофер Нкунку од мешаница ја погоди стативата.
Леао имаше одлична шанса и во 68. минута, Миле Свилар веќе беше совладан но Ермосо расчисти од гол-линијата. Рома можеше да израмни во 81. минута од пенал. Сепак, Мајк Мењан брилијантно го одбрани ударот на Пауло Дибала. Пеналот му беше досуден на Фофана, кој со рака запред слободен удар на Пелегрини од 18 метри.
Со оваа победа, Милан повторно им се придружи на водечките тимови во Серија А. Наполи води на табелата со 22 бода, додека Интер, Милан и Рома се со еден бод помалку.
Претходно вечерва Болоња ја победи Парма со 3:1 на гостински терен, иако домашните постигнаа гол во 12. секунда од натпреварот. Парма го отвори натпреварот фантастично и поведе по 12 секунди со голот на Адријано Бернабе.
Тоа е третиот најбрз гол во историјата на Серија А. Рекордот сè уште го држи напаѓачот на Милан, Рафаел Леао, кој постигна гол по 6,76 секунди од натпреварот против Сасуоло во декември 2020 година. Поранешниот напаѓач на Удинезе, Паоло Поџи, е исто така побрз од Бернабе, кој постигна гол по само осум секунди во 2001 година.
Сантијаго Кастро израмни во 17. минута, а истиот играч ја доведе Болоња во водство во 68. минута. Хуан Миранда ја потврди победата на гостите во втората минута од судиското продолжение. Болоња имаше олеснета задача, откако Парма остана со играч помалки откако во 35. минута беше исклучен Кристијан Ордоњез.
Болоња со победата бодовно се израмни со Јувентус со по 18 бодови, но го зазема петтото место поради подобрата гол-разлика. Парма остана 16-та со 7 бодови.
Фиорентина загуби од Лече со 0:1 пред своите навивачи, впишувајќи го својот шести пораз. Решавачкиот погодок го постигна Медон Бериша во 23. минута. Со новиот пораз „Виолите“ паднаа на претпоследното 19-то место со само четири бода, еден повеќе од „фенерџијате“ Џенова. Лече се искачи на деветтата позиција со девет бода.
Торино и Пиза одиграа 2:2 откако гостите поведоа со 2:0. Стефано Морео во 13. во 29. минута од пенал погодуваше за гостите, а домашните израмнија до крајот на полувремето преку Џовани Симеоне во 42. и Че Адамс во третата минута од судиското продолжение. Торино моментално е 12-ти со 13 бидови, бод повече од Лацио кој во понеделник го игра својот натпревар дома со Каљари, а Пиза е на последното место над зоната на испаѓање 17-та со шест бодови.
Во првиот неделен дуел, милански Интер со гол во судиското продолжение победи на гостински терен во Верона со 2:1 во првиот неделен дуел во рамките на десеттото коло од италијанската Серија А, а победата ги носи на само еден бод зад Наполи.
Против Верона, која сè уште нема победа оваа сезона и е заглавена на 17-то место, Интер имаше совршен почеток, поведувајќи во 16. минута со одличен волеј од Полјакот Пјотр Зјелински. Сепак, Верона израмни со удар од далечина од Џоване во 40. минута. Второто полувреме, одиграно под силен дожд, изгуби дел од својот интензитет, но Интер победи во третата минута од судиското продолжение благодарение на центаршутот на Никола Барела, кој беше одбиен во сопствената мрежа од домашниот дефанзивец Мартин Фрезе.
Интер останува трет, но со 21 бод, тимот на Кристијано Киву е веднаш зад Наполи кој има 22 бода.
Слични новости
Турција: 29 играчи уапсени за обложување
Турските власти наредија во петокот апсење на 46 лица, вклучувајќи 29 фудбалери, како дел од широката истрага за местење натпревари, соопштија обвинителите во Истанбул
Лејкерс и Сиксерс победија со звукот на сирената
Лос Анџелес Лејкерс ги победија Торонто Репторс со 123:120 на гостински терен, а победата ја обезбеди Руи Хачимура, кој постигна тројка од корнер со звукот на сирената
НБА: По четири врзани порази на домашен терен Денвер победи на гости кај Индијана
Блескава партија во тимот на Денвер имаше Џамал Мари кој постигна 52 коша. Мари постигна 10 тројки од 11 обиди со процент на шут за три поени од 91 насто


