Холивудската ѕвезда Миа Гот се приклучи на бомбастичниот каст за новиот филм на Кристофер Нолан „Одисеја“. Продукцијата на филмот е на студиото Универзал а станува збор за адаптација на традционалниот еп на Хомер Одисеја, а премиерата на филмот се очекува во 2026.

Кристофер Нолан е познат по тоа што бара големи ѕвезди и за најмалите улоги во своите филмови, а според извори на Холивуд рипортер улогата на Миа Гот е толку мала што можеби воопшто и нема да прозбори во филмот.

Поемата на Хомер Одисеја ги раскажува авантурите на Кралот Одисеј и неговото 10 годишно патување дома во Итака по Тројанската војна, а патувањето е прекинувано со многу аантури, возбудувања, и се разбира Киклопите и боговите.

 

Слични новости