Пораката е дека никој не е над законот. Секој што згрешил мора да одговара, вели првиот вицепремиер и министер за животна средина Изет Меџити, прашан за коментар за случајот со корупција во Државна лотарија.
Меџити, одговарајќи на новинарски прашања по настанот за засадување на дрвца кај новиот Мега Парк во општина Карпош, рече дека се „согласува со евроамбасадорот“ дека треба да оставиме МВР, судството и обвинителството да се занимаваат со случајот.
„Слушнав и јас. Но, се согласувам со евроамбасадорот дека треба да оставиме на органите на прогон, односно на МВР и судството и обвинителството да се занимаваат со случајот. Битно е што пораката е дека никој не е над законот. Секој што згрешил мора да одговара, денес или утре тоа ќе биде“, изјави Меџити.
Евроамбасадорот во земјава Михалис Рокас, без коментар за случајот со корупција во Државната лотарија, нагласувајќи дека треба да оставиме правдата да зборува сама за себе.
„Во оваа фаза немаме никаков коментар. Да дозволиме на самото судство и јавното обвинителство во земјата да продолжат со истрагата. Мислам дека треба да оставиме правдата да зборува сама за себе“, изјави Рокас.
Слични новости
Рускоска: Груби направи голема грешка што ја напушти државата
Поранешната обвинителка Вилма Рускоска смета дека поранешниот вицепремиер Артан Груби направил голема грешка што ја напушти државата
Одреден 30-дневен притвор за Груби и Бајрами
Кривичниот суд им одреди триесетдневен притвор на двете лица кои се недостапни за органите на прогон поврзани со истрагата за Државна лотарија.
Прекинот на вода во Скопје ќе биде од 22 часот во петок до санирање на дефектот
За санирање на дефектот ќе биде запрена водата од главниот градски цевковод Ф-1600, заради реализација на претходно најавениот сложен оперативен план за санација на главниот цевковод.