Светските берзи на нафта ќе бидат во голем суфицит во првиот квартал од 2026, соопшти Меѓународната агенција за енергија.

Агенцијата во својот месечен извештај за нафтата проектираше дека глобалната понуда на нафтата ќе ја надминува побарувачката од 4,25 милиони барели дневно во првиот квартал, пренесува Ројтерс.

Вишокот на понуда на нафта се очекува да изнесува околу четири насто од светската побарувачка и е поголем од другите предвидувања.

Слични новости

Нов штрајк во „Луфтханза“

Нов штрајк во „Луфтханза“

Дводневен штрајк што предизвика сериозни нарушувања во воздушниот сообраќај започнаа пилотите на германската авиокомпанија „Луфтханза“.