Меѓународната агенција за енергетика предвидува во второто тромесечје од годинава најголем пад на побарувачката за нафта уште од времето на Ковид пандемијата.

„Колапсот“ на потрошувачката на нафта кој најпрвин беше забележан на Блискиот исток и азиско-пацифичкиот регион ќе се прошири поради недостигот на нафта и зголемувањето на цените, наведува агенцијата.

Војната на Блискиот исток го предизвика „најголемиот удар врз понудата на нафтата во историјата“ со загуба од 10 миллиони барели минатиот месец.

Истовремено, руските приходи од извозот на нафта во изминатите два месеци се двојно зголемени.

Слични новости

Британски Шел ја забележа најслабата квартална добивка во изминатите пет години поради ниските цени на нафтата

Вкупната заработувачка на Шел во 2025 изнесува 18,5 милијарди долари, што е значаен пад во однос на минатата година кога беше остварен профит од 23,7 милијарди долари.