Велшкиот актер Метју Рајс ја освои Еми наградата за најдобар актер во категоријата лимитирана серија за мини серијата „Ѕверот во мене“, а истата вечер ја доби наградата и за најдобар актер во категоријата комична серија за неговата улога во „ Widow’s Bay“.
Ова се случува за прв пат еден ист актер да ја добие Еми наградата за најдобар актер во две различни категории.
Метју рајс стана и првиот актер кој ги има освоено Еми наградите во сите три актерски категории, бидејќи во 2018 ја освои Еми наградата за најдобра улога во драма за „The Americans“.
Еми наградата за „Ѕверот во мене“ за Метју рајс беше големо изненадување, а актерот зад сцената призна дека и самиот не очекувал да ја добие наградата.
Слични новости
Продуцентите имаат донесено одлука кој ќе биде идниот Џејмс Бонд
Британскиот актер Гери Олдман изјави дека продуцентите веќе имаат донесено одлука кој ќе биде идниот Џејмс Бонд и дека тој се надева оти тоа ќе биде Џек Лауден, неговиот партнер во шпионската серија „Бавни коњи“
Мариска Харгитај освои две Еми награди за нејзиниот документарец „Мојата мајка Џејн“
Со ова Мариска Харгитај стигна до три Еми награди, откако својата прва Еми награда ја доби во 2006-та за улогата во култната серија „Ред и закон- Специјален одред за жртви“ во 2006-та.
Тивок Бокс офис во САД -сеуште доминираат Одисеја и Спајдермен
Од новите филмови по;на да се прикажува „Со сите средства“ на режисерот Елеганс Бретон со Марк Волберг. Филмот има солидни оценки од критиката но во премиерниот викенд заработи само 7 милиони долари во САД.


