Познатиот актер Метју Модин постигнал договор со студиото Леџендари за да глуми во новиот филм за Годзила и Кинг Конг, чие снимање почнува во април во Австралија.

Во филмот ќе играат и Џек Конел и Делрој Линдо, а Ден Стивенс повторно ќе го игра ветеринарот Трапер, кој играше во последниот филм „Годзила Х Конг: Новата империја“. Според извори во продукцијата, Метју Модин во филмот ќе игра генерал.

Модин стана познат со главната улога во култниот воен филм на Стенли Кјубрик „ Full Metal jacket“ а во последно време популарноста му се должи благодарение на улогата во „Опенхајмер“ на Крис Нолан и сериите на Нетфликс „Stranger Things“ и „Zero Day“ каде што игра заедно со Роберт Де Ниро.

 

Слични новости

Рик Хофман се враќа во Сјутс ЛА

Рик Хофман се враќа во Сјутс ЛА

Актерот Рик Хофман кој го играше адвокатот Луис Лит во деветте сезони на хит серијата Сјутс, ќе се појави и во спин офот на серијата Сјутс ЛА во улога на истиот лик.