Холивудските медиуми известуваат дека дојде време за нова соработка меѓу актерот Метју МекКонахи и креаторот на „Вистински детектив“ Ник Пицолато, кои имаа огромен успех со првата сезона на „Вистински детектив“ за ХБО од 2014.

Актерот МекКонахи преговара за главната улога во новиот филм „Мајк Хамер“ каде што би требало да ја игра улогата на детективот Мајк Хамер. Сценариото е на Пицолато а се заснива врз ликот на детективот од романот на Мики Спилејн од 1947.

Метју МекКонахи во моментов работи на комичната серија „Браќа„ заедно со Вуди Харелсон , кој му беше партнер во првата сезона на „Вистински детектив“.

Слични новости

На Бокс Офисот викендов се очекува да доминира „Како да го тренирате вашиот змеј“

На Бокс Офисот викендов се очекува да доминира „Како да го тренирате вашиот змеј“

Семејниот филм се очекува да доминира на Бокс Офисот од 13-15 јуни со проекција на заработка од 75 милиони долари во премиерниот викенд, но стручњаците најавуваат дека заработката на филмот само во САД би можела да биде и поголема.

Бред Пит купи и пресели во Калифорнија монтажна куќа од 1969. година

Бред Пит купи и пресели во Калифорнија монтажна куќа од 1969. година

Холивудската ѕвезда Бред Пит купи и пресели во Калифорнија монтажна куќа која е дело на познатиот грчки архитект Николаос Ксастерос од 1969, а која ја реставрираше познатиот француски дизјанер на мебел Клемент Сивилино.