Капитенот на репрезентацијата на Аргентина Лионел Меси кој се повреди на последниот натпревар на неговиот клуб Интер од Мајами не е потешко повреден, соопшти денеска американскиот клуб. Меси се повреди на вчерашниот натпревар меѓу Интер од Мајами и Филаделфија.

По исцрпните медицински прегледи е утврдено дека Меси има истегнување на мускулот на тетивата на левата нога, а датумот на неговото враќање на теренот ќе зависи од опоравувањето и медицинските проценки.

Аргентиснките медиуми наведуваат дека прогнозите се оптимистични и дека Меси би можел да се опорави од повредата за дестина дена и дека најверојатно ќе биде подготвен да настапи на Светското првенство во фудбал кое почнува во САД од 11 јуни.

Меси, сеуште не потврди дали ќе настапува на Светското првенство за Аргентина.

Слични новости

Мауруцио Сари заминува од Лацио

Мауруцио Сари заминува од Лацио

Искусниот италијански тренер Мауруцио Сари ја оконча соработката со Лацио, само една година откако беше поставен за шеф на стручниот штаб на тимот од Рим.