Аргентинскиот фудбалер на Интер од Мајами Лионел Меси е прогласен за најкорисен играч (МВП) во американската Мејџор лига за фудбал МЛС. Тој оваа награда ја добива втора година по ред, што се случува за прв пат во историјата на МЛС лигата.

Тој доби 70,4 насто од гласовите, второто место во трката за МВП го зазеде Андерс Дрејер од Сан Диего со 11,2, а трет беше Денис Бунага со 7,3 насто од гласовите.

Меси со Инер Мајами за прв пат го освои купот на шампионите на МЛС, а за време на лигашкиот дел од сезоната тој беше најдобар стрелец со 29 голови, а додаде и 19 асистенции.

Слични новости

НБА: Розиер се изјасни за невин по обвиненијата за спортско обложување

НБА: Розиер се изјасни за невин по обвиненијата за спортско обложување

Играчот на Мајами Хит, Тери Розиер, кој е обвинет за федерална измама со електронски средства и перење пари, како и за неговата улога во нелегална шема за спортско коцкање, се изјасни за невин пред федералниот суд во Њујорк

На мундијалот задолжителна триминутна пауза во секое полувреме „за хидратација“

На мундијалот задолжителна триминутна пауза во секое полувреме „за хидратација“

ФИФА објави дека сите натпревари на Светското првенство следната година ќе имаат триминутна пауза во средината на секое полувреме за играчите да се хидрираат, без оглед на временските услови