Осумкратниот освојувач на Златната топка, 38-годишниот Лионел Меси е прогласен за најдобар играч (МВП) на северноамериканскиот фудбалски шампионат, објави во петокот МЛС лигата.
Аргентинецот го предводеше Интер Мајами до шампионското водство по регуларниот дел од сезоната со 74 бода, рекорд во МЛС лигата.
Сезоната заврши разочарувачки за Мајами и неговиот капитен на светскиот шампион од 2022 година со изненадувачка елиминација од плејофот во првото коло од Атланта во текот на регуларниот дел од сезоната.
Во сабота Лос Анџелес Галакси ќе игра против Њујорк Ред Булс во финалето на шампионатот.
Во неговата прва цела година во Соединетите држави, откако му се приклучи на Мајами во јули 2023 година од ПСЖ, Меси блесна со 20 гола и 16 асистенции во текот на регуларниот дел од сезоната, иако пропушти 16 натпревари.
Слични новости
Реал Мадрид интерконтинентален шампион
Фудбалерите на Реал Мадрид го освоија Интерконтиненталниот куп победувајќи ја мексиканската Пачука со 3:0 во катарски Лусаил.
НБА го претстави новиот формат на „Ол Стар“ натпреварите
Водството на американската професионална кошаркарска лига НБА соопшти дека овосезонскиот „Ол-стар“ натпревар, кој ќе се одржи на 16. февруари во Сан Франциско, ќе се игра во нов формат
НБА Kуп: Милвоки ја победи Оклахома Сити во финалето
Кошаркарите на Милвоки се новите освојувачи на НБА Купот, во финалниот меч во Лас Вегас ја победија Оклахома Сити со 97:81 (27:28, 24:22, 26:14, 20:17)