Мартската прогноза за Македонија најавува порано чувство на пролет, со температури над просекот, повеќе сончеви периоди и претежно постабилно време во однос на вообичаеното за овој период.

Според објавените информации, месецот би можел да биде потопол за околу еден степен во однос на 30-годишниот просек, што значи побрзо „будење“ на природата и поизразени пролетни денови уште на самиот почеток на март.

Посебно се издвојуваат Повардарието и југоисточниот дел од земјата, каде во наредните денови температурите, според најавите, може да достигнат и до 20 Целзиусови степени.

Сепак, ноќите и утрата во Март сеуште се очекува да бидат студени.

Слични новости

СДСМ денеска одржува Конгрес

СДСМ денеска одржува Конгрес

Првиот човек на сдсм, Венко Филипче смета дека поранешни членови на партијата и функционери одработувале за власта и наместо да се занимаваат со, како што рече, лошите политики на актуелната влада, тие пак и натаму се занимаваат со СДСМ.