Фридрих Мерц, фаворитот за иден канцелар на Германија, на партискиот конгрес на неговата конзервативна Христијанско-демократска унија (CDU) во понеделникот во Берлин изјави дека е подготвен да ја „води Германија напред“, три седмици пред вонредните парламентарни избори во земјата.
„Подготвени сме повторно да ја водиме Германија напред“, рече Мерц, ветувајќи дека „ќе се фати за работа без одлагање и ќе ги реши основните причини за проблемите што ја парализираа (Германија) толку долго“.
Мерц рече дека неговата опозициска унија на CDU и нејзината сестринска партија од Баварија – Христијанско-социјалната унија (CSU), која води во анкетите пред изборите на 23-ти февруари со поддршка од околу 30 отсто, има „план за Германија“.
Шеесет идеветгодишниот лидер на германските демохристијани доби громогласен аплауз од делегатите, кои на конвенцијата едногласно усвоија „програмата за итна акција“, вклучително и контроверзни мерки за реформирање на законите за миграција и зајакнување на германската економија којашто се соочува со големи тешкотии.
Неговата партија доби остри критики последните денови, откако нејзиниот предлог беше усвоен во Бундестагот, во долниот дом на германскиот парламент, со гласовите на крајно деснита суверенистичка и противдоселеничка партија Алтернатива за Германија (AfD).
Критичарите го обвинуваат Мерц дека го уништил долгогодишниот „огноѕид“ што ја спречил соработката со AfD, откако неговиот необврзувачки план за спречување на илегалната имиграција освои тесно мнозинство гласови минатата среда благодарение на поддршката на крајно десните пратеници, но и од либерладемократите.
Протести против потегот на Мерц се организираат низ целата земја, а организаторите главно радикални левичарски групи и невладини организации тврдат дека 250.000 луѓе присуствувале на голем настан во Берлин во неделата.
Полицијата соопшти дека околу 450 луѓе протестирале пред конгресната сала на CDU во понеделникот во Западен Берлин.
Во својот говор во понеделникот, Мерц повторно ја отфрли можноста за соработка со AfD. „Нема да има соработка, нема да има толеранција, нема да има малцинска влада“, им рече тој на делегатите.
Баварскиот премиер Маркус Зедер рече дека само унијата CDU/CSU може да го спречи подемот на AfD. „Не смееме да ја оставиме нашата земја на AfD“, рече Зедер, инсистирајќи дека таканаречениот „огноѕид“ не е уништен.
Социјалдемократскиот канцеларот на малцинската влада со зелените, Олаф Шолц, исто така, ја нападна CDU/CSU во понеделникот, тврдејќи дека конзервативниот блок не се согласил со законите што ќе ја реформираат политиката за азил и ќе им дадат дополнителни овластувања на безбедносните служби.
CDU/CSU „ја загрозува внатрешната безбедност“, рече Шолц на самитот на лидерите на Европската унија во Брисел. „Овие закони за ограничување на илегалната миграција и зајакнување на внатрешната безбедност мора да бидат одобрени пред изборите“, додаде тој.
Слични новости
Рубио: Интересот на Трамп за Гренланд „не е шега“
Интересот на американскиот претседател Доналд Трамп за купување на Гренланд „не е шега“, рече државниот секретар Марко Рубио во интервјуто во четвртокот, додавајќи дека стекнувањето на Гренланд е во национален интерес на САД и дека тоа прашање треба да биде решено
Израел ги ослободи палестинските затвореници по одложувањето по хаотичното предавање на заложниците
Хамас во четвртокот ослободи тројца израелски и пет тајландски заложници во Газа, а Израел почна да ослободува 110 палестински затвореници откако го одложи процесот поради хаотичните сцени на едно од местата за предавање каде што толпи луѓе се насобраа околу заложниците
Палестинските милитанти ослободија уште тројца израелски заложници
Палестинските милитанти групации во Појасот Газа во четвртокот ослободија уште тројца израелски заложници, во замена за 110 палестински затвореници кои ќе бидат ослободени според договорот за прекин на огнот меѓу Израел и движењето Хамас кое управува со енклавата