Уривањето на стариот светски поредок ги загрозува интересите на средните сили во Европа, меѓу кои е и Германија, ова од Сингапур го порача германскиот канцелар, Фридрих Мерц.

„Потребна е соработка меѓу Европа и Азија, а треба да ги поврземе европските и азиските трговски договори“, истакна Мерц.

Мерц од Сингапур ја започна четиридневната турнеја низ Азија, чија цел е зајакнување на билатералното стратешко партнерство.

Германија и Сингапур имаат долгогодишна соработка во областа на одбраната, трговијата и истражувањата.

Во Сингапур работат околу 2.400 германски компании, што вработуваат околу 45 илјади лица, покажуваат податоците на германската Влада.

 

 

Слични новости