Германскиот канцелар Фридрих Мерц упати остри критики до американскиот претседател Доналд Трамп, оценувајќи дека неговите постапки во врска со конфликтот во Иран претставуваат „огромна ескалација“, а не обид за мир.
Мерц изрази сомнеж дека целта на Вашингтон е промена на режимот во Техеран.„Она што Трамп го прави во моментов не е изнаоѓање мирно решение, туку ескалација со неизвесен исход. Ако целта е смена на режимот, не верувам дека ќе ја постигнат, бидејќи таквите обиди во минатото најчесто пропаѓаа“, нагласи германскиот канцелар.
Тензиите меѓу Вашингтон и Берлин се зголемија откако Трамп ја критикуваше Германија за нејзиното одбивање да помогне во обезбедувањето на Ормуската Теснина. Трамп ги оцени како „неумесни“ изјавите на германските претставници дека конфликтот во Иран „не е нивна војна“.
Слични новости
Израел го ликвидирал новиот шеф на военото крило на Хамас
Израелските власти соопштија дека во воздушен напад во градот Газа е убиен новиот командант на вооруженото крило на Хамас, Мохамед Одех.Според изјави од кабинетот на премиерот Бенјамин Нетанјаху, нападот се случил неколку дена по ликвидацијата на неговиот претходник.
Иран: Американски и израелски авиони ги нападнаа нашите бродови, има загинати
Американски и израелски авиони нападнаа ирански бродови јужно од иранскиот остров Ларак во Ормутскиот теснец, при што загинаа „неколку ирански граѓани“, објави денес полуофицијалната иранска новинска агенција Фарс.
Рубио по новите американски напади врз Иран : Ормутскиот теснец ќе биде отворен на овој или оној начин
По најновите американски напади врз Иран Рубио рече дека преговорите за договор со Иран би можеле да потраат неколку дена, но дека Ормутскиот теснец ќе мора да биде отворен преку договор или со сила.


