Германскиот канцелар Фридрих Мерц упати остри критики до американскиот претседател Доналд Трамп, оценувајќи дека неговите постапки во врска со конфликтот во Иран претставуваат „огромна ескалација“, а не обид за мир.

 Мерц изрази сомнеж дека целта на Вашингтон е промена на режимот во Техеран.„Она што Трамп го прави во моментов не е изнаоѓање мирно решение, туку ескалација со неизвесен исход. Ако целта е смена на режимот, не верувам дека ќе ја постигнат, бидејќи таквите обиди во минатото најчесто пропаѓаа“, нагласи германскиот канцелар.

Тензиите меѓу Вашингтон и Берлин се зголемија откако Трамп ја критикуваше Германија за нејзиното одбивање да помогне во обезбедувањето на Ормуската Теснина. Трамп ги оцени како „неумесни“ изјавите на германските претставници дека конфликтот во Иран „не е нивна војна“.

 

Слични новости

Расмунсен: НАТО без Америка не значи ништо

Расмунсен: НАТО без Америка не значи ништо

Поранешниот генерален секретар на НАТО Андерс Фог Расмунсен оцени дека НАТО без учество на САД „не значи ништо“, укажувајќи дека европските земји и натаму го голема мерка се потпираат врз САД кога станува збор за безбедноста.