Германскиот канцелар Фридрих Мерц упати остри критики до американскиот претседател Доналд Трамп, оценувајќи дека неговите постапки во врска со конфликтот во Иран претставуваат „огромна ескалација“, а не обид за мир.
Мерц изрази сомнеж дека целта на Вашингтон е промена на режимот во Техеран.„Она што Трамп го прави во моментов не е изнаоѓање мирно решение, туку ескалација со неизвесен исход. Ако целта е смена на режимот, не верувам дека ќе ја постигнат, бидејќи таквите обиди во минатото најчесто пропаѓаа“, нагласи германскиот канцелар.
Тензиите меѓу Вашингтон и Берлин се зголемија откако Трамп ја критикуваше Германија за нејзиното одбивање да помогне во обезбедувањето на Ормуската Теснина. Трамп ги оцени како „неумесни“ изјавите на германските претставници дека конфликтот во Иран „не е нивна војна“.
Слични новости
Си-Ен-Ен: Американската војска е подготвена уште викендов да го нападне Иран
Американската војска е подготвена уште викендов да го нападне Иран, иако претседателот на Соединетите Амеерикански Држави Доналд Трамп сè уште не донел конечна одлука за одобрување на таква акција, пренесува „Си-Ен-Ен“.
Зеленски не е задоволен од исходот од разговорите во Женева
Украинскиот претседател Володимир Зеленски изјави дека резултатите од најновата рунда мировни разговори меѓу Русија и Украина, посредувани од САД во Женева, не се доволни.
Поранешниот претседател на Јужна Кореја осуден на доживотен затвор
Поранешниот јужнокорејски претседател Јун Сук-јеол е осуден на доживотен затвор по обвинението за поттикнување бунт поради неговата одлука за воведување воена состојба во декември 2024 година.


