Германскиот канцелар Фридрих Мерц упати остри критики до американскиот претседател Доналд Трамп, оценувајќи дека неговите постапки во врска со конфликтот во Иран претставуваат „огромна ескалација“, а не обид за мир.
Мерц изрази сомнеж дека целта на Вашингтон е промена на режимот во Техеран.„Она што Трамп го прави во моментов не е изнаоѓање мирно решение, туку ескалација со неизвесен исход. Ако целта е смена на режимот, не верувам дека ќе ја постигнат, бидејќи таквите обиди во минатото најчесто пропаѓаа“, нагласи германскиот канцелар.
Тензиите меѓу Вашингтон и Берлин се зголемија откако Трамп ја критикуваше Германија за нејзиното одбивање да помогне во обезбедувањето на Ормуската Теснина. Трамп ги оцени како „неумесни“ изјавите на германските претставници дека конфликтот во Иран „не е нивна војна“.
Слични новости
Холандија доби нова малцинска влада
Новата малцинска влада на Холандија на чело со мандатарот Роб Јетен денеска треба да положи заклетва.
Унгарија стави вето за нови санкции против Русија и финанска помош од ЕУ за Украина на четиригодишнината од војната
Унгарија го блокираше 20-тиот пакет санкции против Русија и заемот од 90 милијарди евра за Украина, барајќи Киев да го врати транзитот на нафта преку нафтоводот „Дружба“.
Мексико во хаос по убиството на наркобосот Ел Менча
Бран на насилство избувна во Мексико откако најбараниот нарко-бос во земјата беше убиен во безбедносна операција во која беа вклучени американските разузнавачки служби.


