Германскиот канцелар Фридрих Мерц во писмо кое го упати до лидерите на ЕУ предложи на Украина да и се даде статус на придружна членка во унијата, како привремен чекор до членство во ЕУ. Во писмото Мерц наведува дека тоа би помогнало да се постигне договор и да се оконча војната со Русија, пренесува Ројтерс.

Мерц наведе дека статусот на придружна членка би им овозможил на официјални слуѓбеници на Украина да учествуваат на самитите на ЕУ, но не и да гласаат на нив.

Германскиот канцелар предложи и членките на ЕУ да преземат „политичка обврска“ за примена на клаузулата на блокот за заемна помош, за да се создадат сериозни гаранции за безбедноста на Украина.

Слични новости

Европскиот систем за влез и излез одбил 32.000 патници

Европскиот систем за влез и излез одбил 32.000 патници

Биометрискиот систем на ЕУ одбил влез на 32.000 патници. Oдбивањата се евидентирани во повеќе земји, вклучувајќи ги Португалија, Шпанија, Франција, Италија, Германија, Грција и Холандија, од каде најмногу влегуваат патници надвор од Шенген зоната.