Германскиот канцелар Фридрих Мерц во саботата вечерта направи остра паралела помеѓу рускиот претседател Владимир Путин и Адолф Хитлер, предупредувајќи дека амбициите на Кремљ нема да застанат на Украина, пишува Politico.

Зборувајќи на партиската конференција на Христијанско-социјалната унија во Баварија, која е тесно поврзана со неговата Христијанско- демократска унија, Мерц потсети на историскиот договор со кој сојузниците му ја предадоа Судетската област на нацистичкиот лидер.

 „Исто како што Судетската област не беше доволна во 1938 година, Путин нема да застане“, рече Мерц, додавајќи дека Хитлер ја продолжил својата експанзија во Европа и потоа.

„Ако Украина падне, тој нема да застане тука“, нагласи германскиот канцелар. „Ова е агресивна војна на Русија против Украина – и против Европа“.

Според него, целта на Путин е „фундаментална промена на границите во Европа, обновување на стариот Советски Сојуз во неговите граници“.

Оваа изјава доаѓа во време на зголемени дипломатски активности. Мерц, заедно со францускиот претседател Емануел Макрон и британскиот премиер Кир Стармер, ги предводи европските напори за зајакнување на поддршката за Киев. Германски, британски и француски претставници изминатиов викенд разговараа за предлози за прекин на војната, пред денешниот клучен состанок на лидерите.

Истовреме, американскиот претставник Стив Виткоф вчера се сретна со украинскиот претседател Володимир Зеленски, кого Мерц денеска ќе го угости во Берлин.

Се подготвува и мировен план од 20 точки поддржан од САД, кој, според достапните информации, вклучува територијални отстапки од украинска страна. Еден од предлозите што се дискутира е регионот Донбас да стане зона на слободна трговија каде што американските компании би можеле слободно да работат.

globe

Слични новости

Германија претстави план од 10 точки за продлабочување на одбранбената соработка со Украина

Германија претстави план од 10 точки за продлабочување на одбранбената соработка со Украина

За време на посетата на украинскиот претседател Володимир Зеленски на Берлин беше претставен план од 10 точки, кој предвидува Германија да ја продлабочи посветеноста на одбраната на Украина преку заеднички вложувања, понатамошна трговска интеграција и можности за гарантирање на инвестициите

ЕУ ќе стави на црната листа уште 40 танкери на Русија

ЕУ ќе стави на црната листа уште 40 танкери на Русија

Министрите за надворешни работи на ЕУ ќе разговараат за новите санкции против Русија, вклучително и ставање на црната листа на 40 танкери за кои се тврди дека превезуваат руска нафта, изјави високата претставничка на Европската унија за надворешни работи, Каја Калас

Суд во Хонгконг го прогласи медиумскиот тајкун за виновен за кршење на законот за национална безбедност

Суд во Хонгконг го прогласи медиумскиот тајкун за виновен за кршење на законот за национална безбедност

Суд во Хонгконг го прогласи медиумскиот тајкун Џими Лаи, основач на продемократскиот весник Apple Daily, за виновен за заговор за договарање со странски сили и објавување материјали што поттикнуваат бунт