Германскиот канцелар Фридрих Мерц изјави дека САД се „понижени“ од иранското раководство, сугерирајќи дека администрацијата на Доналд Трамп е надмината на преговарачката маса.

Неговата изјава доаѓа откако Вашингтон ненадејно ја откажа новата рунда индиректни разговори со Иран во Исламабад, додека претходната средба исто така не даде никакви конкретни резултати.

За разлика од Мерц, Трамп изјави дека САД „ги држат сите карти“ и дека Иран треба сам да пристапи кон преговорите. Но, според германскиот канцелар, Техеран следи паметна стратегија со одолговлекување на процесот и избегнување на конкретни договори.

Во оваа клима на тензии, Иран презентираше нов предлог за прекин на огнот, првично фокусиран на повторно отворање на Ормутскиот теснец.

САД го отфрли предлогот на Иран, бидејќи не ја опфаќа главната цел на САД, а тоа е забрана на нуклеарната програма на Иран, а Техеран соопшти дека ќе преговара за нуклеарната програма, дури откако САД ќе ја укинат блокадата на Ормутскиот теснец.

Слични новости

Иран не испрати преговарачи во Пакистан: „Не разговараме под закани“

Иран не испрати преговарачи во Пакистан: „Не разговараме под закани“

Иранската државна телевизија објави дека делегацијата на Иран не отпатувала во Пакистан на мировни преговори со САД, негирајќи ги извештаите на меѓународните медиуми за заминувањето на иранските претставници во Исламабад и закажаните датуми на разговорите меѓу САД и Иран.