Основното јавно обвинителство од Скопје побара притвор за поранешниот потпретседател на Владата, Артан Груби веднаш штом ќе биде приведен како осомничен за злоупотреба во вршење на службената должност. Обвинителството во соопштението наведува дека решението за притвор треба да се примени веднаш по лоцирањето и апсењето на Груби, за кој се верува дека е надвор од Македонија.

Полицијата соопшти дека на 16 декември извршила рација во домовите на Груби и поранешниот директор на Државната лотарија Перпарим Бајрами.

„Во рамки на истраги и претреси на различни локации, меѓу кои и куќите на Груби и Бајрами, прибавени се докази со кои се отвора сомнение дека двајцата обвинети, како одговорни лица во Акционерското друштво Државна лотарија, во текот на 2023 година нанеле штета на буџетот во сума од над 8 милиони евра“, се наведува во соопштението.

Покрај двајцата, меѓу осомничените е и поранешниот премиер, Димитар Ковачевски, но, тој засега останува со кривична добиена од МВР. Обвинителството не го вклучи во истрагата за проневерата.

Судија на претходна постапка при Основниот кривичен суд Скопје, постапувајќи по предлог на Основното јавно обвинителство, одреди мерки за претпазливост против четири лица опфатени со истрагата за „Државна лотарија на РСМ“. Лицата се осомничени за злоупотреба на службената положба и овластување.

Од Кривичниот суд информираат дека одземени им се патните исправи и наложено е и редовно јавување на службено лице, а доставен е и предлог за определување мерка притвор против две лица.

Воедно, до судија на претходна постапка доставен е и предлог за определување мерка притвор против две лица опфатени со истата истрага, која мерка започнува да се спроведува од нивно пронаоѓање, за кој предлог судот е во фаза на постапување, а за што во текот на денот јавноста ќе биде дополнително известена. Против овие решенија странките имаат право на жалба пред Кривичниот совет, дополнуваат од Кривичен.

Мерките произлегуваат по истрагата на Обвинителството против две лица за проневера и четири лица за злоупотреба на службена положба. Доказите покажуваат дека двајцата соизвршители, како одговорни лица во Државна лотарија, нанеле штета од 501.319.119 денари на друштвото преку незаконски набавки на видеолотариски терминали.

Првоосомничениот предложил набавка на терминали, иако знаел дека е незаконска, а второосомничениот ја поддржал набавката како вицепремиер. Терминалите никогаш не биле употребени.

globe

Слични новости

Денеска во Брисел самит ЕУ-Западен Балкан

Денеска во Брисел самит ЕУ-Западен Балкан

На крајот од самитот е предвидена заедничка декларација во која ќе се потврди целосната и недвосмислена посветеност на перспективата на членството на западен Балкан во ЕУ.

Зеленски: На состанокот во Брисел би можеле да зборуваме за „мировници“ во Украина

Зеленски: На состанокот во Брисел би можеле да зборуваме за „мировници“ во Украина

Украинскиот претседател Володимир Зеленски во вторникот изјави дека евентуалното распоредување на странски „мировни сили“ во Украина би можело да се разговара на утрешниот состанок на европските челници во Брисел