МЕПСО ја оспори одлуката на предарбитражниот одбор за спорови кое неодамна одлучи дека босанската компанијата Енергоинвест има право да бара 6 милиони евра поради тоа што македонскиот преносен систем го раскине договорот со нив за енергетското поврзување со Албанија.
Одлуката за раскинување на договорот со Енергоинвест ја донеле по направената ревизија на процесот, која покажала дека е незаконски да се потпише анекс од 7, 7 милиони евра, пари кои дополнително ги побарале од босанската компанија.
Тврдат дека и да им ги дале овие средства, немало гаранција дека ќе се зварши работата, затоа што нивни подизведувачи биле охридко – струшки фирми кои немале искуство во енергетика
Од МЕПСО се убедени дека праниот процес ќе заврши во нивна полза.
Слични новости
Премиерот Мицкоски смета дека нема потреба од прогласување кризна состојба
Македонскиот премиер Христијан Мицкоски денеска изјави дека не гледа потреба за прогласување кризна состојба поради порастот на цените на горивата.
Продолжува судењето за случајот „Пулс“
Во судницата во Идризово денеска ново рочиште за случајот со пожарот во кочанската дискотека „Пулс“.
Се очекува поскапување на дизелот во Македонија кој главно го нема
На повеќето бензински пумпи во Македонија нема дизел гориво, а на бензинските пумпи на Лукоил доколку најдете дизел гориво, има ограничување на точење.


