МЕПСО ја оспори одлуката на предарбитражниот одбор за спорови кое неодамна одлучи дека босанската компанијата Енергоинвест има право да бара 6 милиони евра поради тоа што македонскиот преносен систем го раскине договорот со нив за енергетското поврзување со Албанија.

Одлуката за раскинување на договорот со Енергоинвест ја донеле по направената ревизија на процесот, која покажала дека е незаконски да се потпише анекс од 7, 7 милиони евра, пари кои дополнително ги побарале од босанската компанија.

Тврдат дека и да им ги дале овие средства,  немало гаранција дека ќе  се зварши работата, затоа што нивни подизведувачи биле охридко – струшки фирми кои немале искуство во енергетика

Од МЕПСО се убедени дека праниот процес ќе заврши во нивна полза.

Слични новости

Пожарот во Визбегово е сеуште активен

Пожарот во Визбегово е сеуште активен

Пожарот што избувна вчера во Визбегово сè уште е активен, но е ставен под контрола, информираат од Центарот за управување со кризи. На терен се ангажирани екипи од Бригадата за противпожарна заштита на Град Скопје, кои работат на негово целосно локализирање.