Чешкиот 19-годишен тенисер Јакуб Меншик е изненадувачки победник на АТП Мастерс 1000 турнирот во Мајами, победувајќи го Србинот Новак Ѓоковиќ со 7-6 (4), 7-6 (4) во неделното финалеи и така го остави без стотата титулата во кариерата.

Натпреварот се играше со пет часа задоцнување поради дожд и беше поместен од попладневните часови на вечерта. Меншик подобро влезе во мечот и имаше водство од 4-1 во првиот сет, но Ѓоковиќ успеа да се врати и да го одведе сетот во тај-брејк. Во решавачкиот гем, младиот Чех ги освои првите пет поени и го претвори својот трет сет поен за да го освои првиот сет од мечот.

Меншик имаше две брејк топки во петтиот гем од вториот сет, но Ѓоковиќ се извлече, па реваншот од мечот заврши во тај-брејк. Чешкиот тинејџер ги освои двата поени на сервис на Ѓоковиќ при 4-3, а на вториот меч поинт српскиот тенисер не успеа да погоди возврат, па по нешто повеќе од два часа игра Меншик во своето второ финале ја освои првата титула во кариерата.

Пред една година го загуби финалето во Доха од Карен Хачанов, а во Мајами го победи човекот кој го освои првиот од шесте трофеи на овој турнир кога Меншиков имаше само две години за титулата.

„Ти ми беше пример кога бев млад. Почнав да играм тенис поради тебе“, рече 19-годишниот Чех во својот победнички говор.

За Ѓоковиќ секој пораз е болен, но рече дека овој ќе биде малку полесно да се преболи.

„Го забележав и претходно, а кога имаше 15, 16 години го поканив на тренинг во Белград. Неверојатно е да се види неговиот напредок на теренот. Тој има сѐ за да стане еден од најдобрите во светот. Среќен сум што го користи својот потенцијал. Не се чувствував најдобро на теренот денеска, но така е како што е. Тоа не ја намалува неговата победа”, изјави сопственикот на 99 титули на АТП и Грен слем турнирите и Олимписките игри, кој загуби во финалето по 43-ти пат во кариерата.

Клубот на тенисери со 100 или повеќе титули сѐ уште го чека својот трет член. Досега Џими Конорс има 109 трофеи, а Роџер Федерер 103. Ѓоковиќ со овој пораз пропушти да го израмни рекордот на Андре Агаси кој седум пати победи во Мајами.

Освоените бодови на Флорида му донесоа на Меншиќ скок од 30 места на АТП ранг-листата во сингл, каде моментално е на 24. позиција. Ѓоковиќ остана на петтото место.на АТП и Грен слем турнирите и на Олимписките игри, кој загуби во финалето по 43-ти пат во кариерата.

globe

Слични новости