По синоќешниот поразот од 0:1 против Арсенал, менаџерот на Брајтон Фабијан Хуцелер изјави дека никогаш нема да биде тренер од типот на Артета и на тој начин да се обиде да стигне до победата. Тој рече дека Премиер лигата мора да определи јасни правила за трошење на времето и дека со тоа мора да бидат заштитени и судиите.

Хуцелер го обвини Арсенал дека троши по цела минута од времето додека да изведе корнер и дека главната тема треба да биде ограничувањето на времето за време на изведување на прекините.

Хуцелер рече дека фудбласката игра е многу сменета и дека треба да се сменат правилата. Навивачите кои даваат пари за билети доаѓаат на стадион за да гледаат фудбал, а не да видат 50 минути игра и 40 минути како топката стои, порача менаџерот на Брајтон. 

Слични новости