Кошаркарите на Мемфис ја победија Минесота со 116:110 на гостински терен во НБА лига во ноќта од средата кон четвртокот, додека Чикаго го победи Кливленд со 127:111 пред своите навивачи.

Минесота не можеше да победи без својот најдобар играч, Ентони Едвардс, кој го пропушти овој натпревар, а во неизвесниот дуел од почетокот до крајот, гостите направија малку поголема разлика во резултатот во третиот период, а потоа ја задржаа предноста до крајот.

Џарен Џексон го предводеше Мемфис до победата со 28 поени, 12 скока и три блокади, додека од клупата Џок Ландејл имаше 20 поени и 10 скока.

Сите играчи од петорката на Минесота постигнаа двоцифрен број поени, а најдобар беше Руди Гобер со 16 поени, 16 скока, четири асистенции и четири блокади. Џулиус Рендл постигна 23 поени.

Чикаго беше подобар од Кливленд дома со 127:111. Клучна беше последната четвртина кога домаќините дополнително ја зголемија предноста и ја обезбедија победата, а Чикаго го доби тој дел од натпреварот со 32:23.

Со 25 поени, прв стрелец на Чикаго беше Коби Вајт, но генерално најдобар играч на победничкиот тим беше Австралиецот Џош Гиди кој го заврши натпреварот со „трипл-дабл“ учинок од 23 поени, 11 скока и 11 асистенции. Овој тандем имаше добар придружник во Никола Вучевиќ, кој постигна 20 поени со девет скока.

Донован Мичел постигна 32 поени за Кливленд, додека Дариус Гарланд додаде 15 поени со шест асистенции и пет скока.

globe

Слични новости