Државата треба да го стимулира плаќањето придонеси за да имаме стабилен пензиски систем, изјави директорот на Фондот на ПИОМ, Никола Мемов за ТВ Телма.

Тој им упати порака на граѓаните да бидат сигурни дека пензискиот систем никојпат не може да колабира во една држава, затоа што исплатата на пензиите ја гарантира државата, односно владата. Тоа е и содржано во Законот за ПИО, каде што е пропишано дека сите недостатоци во врска со недостаток на средства во однос на прибрани придонеси за пензиско и инвалидско осигурување да ги покрие владата од државниот буџет.

Граѓаните треба да бидат стабилни, смирени и сигурни дека пензии ќе се исплаќаат во една држава, односно во Република Македонија сѐ додека постои државата“, нагласи Мемов.

Тој нагласи дека нема држава во ЕУ која нема дефицит и сите имаат потреба за трансфери, освен скандинавските земји, но и тие не се класични пензискки фондови, туку инвестициски фондови.

Слични новости

Се очекуваат новите цени на горивата во Македонија, откако нафтата повторно поскапе на светско ниво

Се очекуваат новите цени на горивата во Македонија, откако нафтата повторно поскапе на светско ниво

Цените на нафтата нагло пораснаа минатата недела, втора по ред, бидејќи кризата на Блискиот Исток го спречи извозот на нафта преку Ормутскиот теснец, па во двете недели од нападот на САД и Израел врз Иран