Италијанската премиерка Џорџа Мелони е под судска истрага поради ненадејната одлука на Италија да ослободи либиски полицаец кој е под налог за апсење од Меѓународниот кривичен суд (МКС).

Италија го уапси Осама Наџеем ел-Масри две седмиции во Торино, откако доби дојава од МКС, кој издаде меѓународна потерница против него. Сепак, италијанската влада неочекувано го ослободи три дена подоцна поради процедурален пропуст, како што објасни Министерството за внатрешни работи. Веднаш со официјален владин авион бил однесен во Триполи, каде што му беше приреден херојски пречек од страна на сегашните власти кои соборија деценискиот автократски претседател Моамер ел-Гадафи.

 

МКС, кој ги истражува наводните сериозни злосторства извршени во Либија во граѓанската војна во земјата во 2011 година, во соопштението од минатата седмица наведе дека ја повикува Италија да контактира со персоналот на судот доколку има какви и да се проблеми со процесот на апсење. Сепак, беше кажано дека Наџеем бил ослободен без претходна најава или консултација.

Мелони во објава на социјалните мрежи откри дека е осомничена за проневера и помагање и поттикнување кривично дело во врска со случајот. Италијанската премиерка поради ова не мора да се повлече од функцијата, а фактот што е ставена под истрага во Италија не имплицира вина, ниту значи дека ќе следуваат формални обвиненија, појаснуваат медиумите.

„Нема да бидам уценувана и нема да дозволам да ме заплашуваат, а поради тоа, така да го кажеме, не сум сакана од оние кои не сакаат Италија да се промени и да стане подобра“, рече таа во видео објавата на нејзиниот фејсбук-профил.

Под истрага се и министерот за правда Карло Нордио, министерот за внатрешни работи Матео Пјантедоси и владиниот потсекретар за разузнавање Алфредо Мантовано.

Нџеем бил управник на затворот во Триполи каде што наводно биле извршени злосторства против човештвото и воени злосторства, вклучувајќи убиства, тортура, силување и сексуално насилство, од 2015 година до денес, според веб-страницата на МКС.

Италијанската опозиција ја обвини владата на Мелони дека им помага на либиските власти, бидејќи од нив зависи да ги спречат илегалните мигранти да пристигнуваат на италијанските брегови, пишува Tje New York Times.

Владата на Мелони ги отфрла овие тврдења и посочува дека го ослободила Либиецот од процедурални причини. Италијанската полиција наводно го уапсила Нџеем пред да добие официјални барања од Министерството за правда, што ја прекршило процедурата, јавува американскиот медиум на италијанската влада.

globe

Слични новости

Водачот на операцијата за соборување на Асад прогласен за привремен претседател на Сирија

Водачот на операцијата за соборување на Асад прогласен за привремен претседател на Сирија

Поранешниот неофицијален лидер на сунитските исламистички бунтовници во Сирија, Ахмед ал-Шара, беше прогласен за шеф на државата во преодната фаза на власта во средата, со овластување да формира нов законодавен совет