Министерството за внатрешни работи во пресрет на Локалните избори 2025 континуирано презема мерки и активности во рамки на своите надлежности со цел непречено и безбедно спроведување на изборниот процес, соопшти Министерството за внатрешни работи.

 

„Согласно направените проценки и воспоставените планови на денот на изборите полициските службеници ќе бидат присутни во близина на локациите на избирачките места, како и на клучните сообраќајни точки, со цел зголемена ефикасност и навремено откривање на можни нарушувања на јавниот ред и мир. Безбедноста на граѓаните ќе биде гарантирана со стандардните материјално технички средства, мобилни тимови и со пунктовско работење. Ќе се користи и современа технологија – дронови за воздушна контрола, со цел побрза реакција и преземање соодветни мерки и активности во случај на инциденти“, соопшти Министерството.

МВР апелира до сите граѓани и до политичките партии, да придонесат за мирна и демократска атмосфера, да ги почитуваат упатствата на полициските службеници и да се воздржат од какви било активности  кои би можеле да го нарушат изборниот процес.

Во текот на изборниот ден, МВР соодветно ќе ја информира јавноста за одвивањето на изборниот процес.

globe

Слични новости

На ГП Дојран и Табановце се чека од 30 до 40 минути, магла на Попова Шапка и Пресека

На ГП Дојран и Табановце се чека од 30 до 40 минути, магла на Попова Шапка и Пресека

На граничниот премин „Дојран”, утринава за излез од земјава се чека 30 минути, а на Табановце времето на чекање на излез од земјава е 40 минути. На останатите гранични премини од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата, информира Авто мото сојузот на Македонија

Мицкоски: Не добив само реизбор, денес победи идејата за патот што го трасираме за Македонија

Мицкоски: Не добив само реизбор, денес победи идејата за патот што го трасираме за Македонија

Не добив само реизбор како претседател на ВМРО-ДПМНЕ туку денеска победи идејата. Победи патот што го трасираме за Македонија. Честа е голема и обврската и долгот кон доделената задача уште поголема, истакна Христијан Мицкоски откако попладнево на партискиот конгрес што се одржува во Кавадарци беше реизбран за лидер на ВМРО-ДПМНЕ