По вчерашните претреси и апсења во Скопје, Битола и Струмица во врска со незаконски увоз на медицински материјали за естетика -ботокси и филери, Обвинителството и Министерството за внатрешни работи и денеска продолжуваат со претресите на повеќе локации.
Уапсени се повеќе лица, дел од нив вработени како доктори на скопските клиники и сопственици на дерматолошки ординации.
„Во рамки на постапка за организиран илегален увоз и дистрибуција на медицински средства користени при естетски зафати, обвинителството за гонење организиран криминал и корупција заедно со МВР се уште спроведува координирана акција при што се вршат интензивни претреси на повеќе локации низ државата.
„Во рамки на постапка за организиран илегален увоз и дистрибуција на медицински средства користени при естетски зафати, обвинителството за гонење организиран криминал и корупција заедно со МВР се уште спроведува координирана акција при што се вршат интензивни претреси на повеќе локации низ државата“.
Акцијата е резултат на постоење на основи на сомневање за сторени кривични дела Злосторничко здружување, Повреда на права од индустриска сопственост и неовластена употреба на туѓа фирма и примање поткуп, соопшти Обвинителството за гонење организиран криминал и корупција.
Обвинителството вели дека до овој момент биле обезбедени повеќе лица, но поради обемот и сериозноста на случајот акцијата се проширува со нови претреси и приведување на други инволвирани лица.
Слични новости
АВМУ: Пресудата против Лиридона Вејсели е притисок врз медиумите
Кривичното гонење на новинари за објавување податоци за носители на јавни функции во контекст на извршување на нивната професионална работа, создава притисок врз медиумите и го ограничува правото на јавноста да биде информирана.
„Стоп за Усје“ денеска на протестен марш за чист воздух
Граѓанската иницијатива „Стоп за Усје“ денеска ќе одржи протестен марш како притисок за поефикасна институционална реакција за правото на чист воздух во Скопје.
Од утре почнува да казнува „Сејф сити“
Од утре официјално започнува примената на системот „Сејф сити“, со што автоматското снимање и санкционирање на сообраќајните прекршоци влегува во полна функција.


