Од МВР потврдија дека ќе се бараат снимките од камерите пред дискотеката “Пјур” за да се утврди што во саботата рано наутро се случило при полициска интервенција.
-Доставено е известување со барање за Наредба за снимките во дискотеката, за да ги обезбедиме снимките, а по анализа на истите ке се поднесе соодветна пријава,
Независниот полициски синдикат тврди дека имало интервенција од висок функционер за да се промени правецот на истрагата бидејќи двајца полицајци се нападнати и повредени.
Адвокатот на еден од првично приведените негираше политичка интервенција и обвини дека повеќе полицајци ги натепале приведените.
Слични новости
Вработените во Македонски пошти на протест
Празните сметки на над илјада вработени ја запреа работата на Македонски пошти. Синдикатот што го организира протестот велат дека ова не е прво доцнење на платите, ниту, пак, ќе биде последно доколку во најкраток можен рок не им бидат исплатени заработените средства.
„Safe City“ доби зелено светло од Собранието – Изгласани измените на Законот за прекршоци
Собранието денеска ги изгласа измените на Законот за прекршоци, со кои се овозможува целосно воведување на системот „Safe City“. „За“ гласаше 81 пратеник, додека 19 гласаа „Против“.

