Од МВР потврдија дека ќе се бараат снимките од камерите пред дискотеката  “Пјур” за да се утврди што во саботата рано наутро се случило при полициска интервенција.

-Доставено е известување со барање за Наредба за снимките во дискотеката, за да ги обезбедиме снимките, а по анализа на истите ке се поднесе соодветна пријава,

Независниот полициски синдикат тврди дека имало интервенција од висок функционер за да се промени правецот на истрагата бидејќи двајца полицајци се нападнати и повредени.

Адвокатот на еден од првично приведените негираше политичка интервенција и обвини дека повеќе полицајци ги натепале приведените.

 

Слични новости

Филипче смета дека со помало луксузирање на власта реално е да се постигне минималец од 600 евра

Вкупните буџетски расходи за 2026 година се планирани на рекордни 365,5 милијарди денари, што е историски највисоко ниво, а од овие пари само 7,5 милијарди денари се доволни за покачување на минималецот.

Доближени ставовите меѓу УПОЗ и Владата за покачување на платата

Финансискиот дел е речиси усогласен и прифатлив и за синдикатот и за Владата останува делот со условот кој централната власт го постави, откажување од општиот колективен договор и потпишување на индивидуални договори.