Во СВР Скопје, денеска е пријавено дека во двор од верски објект биле забележани канистар за гориво и траги од горење, информираа од Министерството за внатрешни работи откако Еврејската заедница во Македонија синоќа извести за обид за опожарување на објект на Заедницата и на синагогата во Скопје.
Веднаш по добиената пријава од страна на полициски службеници излезено е на местото на настанот и се преземаат мерки за расчистување на случајот – соопшти МВР.
Еврејската заедница во Македонија го осуди овој чин и упати апел до надлежните органи за целосно расветлување на случајот и доследна примена на законите, како и за гласна и обединета осуда од сите верски лидери, институции и граѓани.
Израелската амбасадорка во Македонија Вивиен Аисен во соопштение на социјални мрежи посочи дека е ова прв напад во Македонија врз еверејски објект од 1945 и ги повика властите да ги изведат одговорните пред лицето на правдата.
Слични новости
Премиерот Мицкоски смета дека нема потреба од прогласување кризна состојба
Македонскиот премиер Христијан Мицкоски денеска изјави дека не гледа потреба за прогласување кризна состојба поради порастот на цените на горивата.
Продолжува судењето за случајот „Пулс“
Во судницата во Идризово денеска ново рочиште за случајот со пожарот во кочанската дискотека „Пулс“.
Се очекува поскапување на дизелот во Македонија кој главно го нема
На повеќето бензински пумпи во Македонија нема дизел гориво, а на бензинските пумпи на Лукоил доколку најдете дизел гориво, има ограничување на точење.


