Во СВР Скопје, денеска е пријавено  дека во двор од верски објект биле забележани канистар за гориво и траги од горење, информираа од Министерството за внатрешни работи откако Еврејската заедница во Македонија синоќа извести за обид за опожарување на објект на Заедницата и на синагогата во Скопје.

Веднаш по добиената пријава од страна на полициски службеници излезено е на местото на настанот и се преземаат мерки за расчистување на случајот – соопшти  МВР.

 Еврејската заедница во Македонија го осуди овој чин и упати апел до надлежните органи за целосно расветлување на случајот и доследна примена на законите, како и за гласна и обединета осуда од сите верски лидери, институции и граѓани.

Израелската амбасадорка во Македонија Вивиен Аисен во соопштение на социјални мрежи посочи дека е ова прв напад во Македонија врз еверејски објект од 1945 и ги повика властите да ги изведат одговорните пред лицето на правдата.

 

 

Слични новости

Мицкоски денеска ќе се сретне со Орбан во Будимпешта

Мицкоски денеска ќе се сретне со Орбан во Будимпешта

Премиерот Христијан Мицкоски, заедно со владина делегација, денеска е во посета на Унгарија. Посетата се случува во време кога изборната кампања во Унгарија е во полн ек, а пред парламентарните избори закажани за 12 април.